Поранешната Мис Стефани Борсова ќе стане мајка

Стефани Борсова, поранешната Мис на Македонија, вторпат ќе стане мајка. Борсова веста за бременоста ја откри во интервју за српскиот портал „Хепи“. Стефани беше избрана за Мис во 2010 година, и истата година ја претставуваше Македонија и на изборот за Мис на светот.

Таа во 2012 година се омажи за српскиот бизнисмен Александар Стојановиќ, кој има ланец слаткарници во Србија. Во 2013 година роди син, па се повлече од јавноста. Денес Стефани со семејството живее во Сремска Митровица. Неодамна таа стана сопственичка на кафуле во истиот град.

Фото: Фејбук

Scroll to Top