Познати ќе им гостуваат на Весна и Игор, почнува шоуто „Агенда 21″ премиерно на ТВ 24

Вечерва стартува првата емисија од втората сезона на емисијата на Весна Петрушевска и Игор Џамбазов, „Агенда 21“. Овој пат емисијата ќе се емитува на телевизија 24, а шоуто почнува од 20:45 часот.

dobivaj vesti na viber

По одличната прва сезона, Игор и Весна, заедно со Кристијан и Јована на забавен начин ќе разговараат за актуелната состојба со животната средина во Македонија и за опасностите од глобалните климатски промени.

Она што ќе биде ново во емисијата се гостите кои ќе бидат познати личности во нашата држава, кои заедно со водителите ќе се обидат да им го привлечат вниманието на гледачите.

„Емисијата ја правиме за да ги поттикнеме сите да размислуваат и делуваат позитивно кон природата. За жал грижата за животната средина кај нас е на многу ниско ниво“, ни рече продуцентот Виолета Дамевска Ѓоргиева.

„За животната средина скоро и да не се зборува во медиумите. Сведено е само на споделување на информации кои не нудат решенија. Со овој проект токму тоа ќе се обидеме да го смениме“, ни рече Весна.

„Овој проект ми е посебно драг, бидејќи зборува за теми кои лично за мене се многу важни. Ние сме дел од природата и мораме да се погрижиме истата да ја зачуваме“, рече Игор.

Scroll to Top