Познатите ќе пеат на „Макфест“, 5.000 евра за победникот

Биба Додева, Росана Сариќ-Тодоровска, Елена Петреска и Александар Ристовски-Принц се дел од познатите што ќе пеат на годинашниот „Макфест“, кој ќе се одржи од 10 до 12 октомври во Штип. Големо изненадување е дуетот меѓу пејачот Александар Митевски и глумецот Драган Спасов-Дац, кој првпат ќе пее. Победникот ќе добие награда од 5.000 евра.

Според уметничкиот директор, Владимир Дојчиновски-Дојчин, комплетирана е листата на учесници, а во тек е финализирање на песните што ќе се пеат.

„Годинава ни се враќаат дел од ланските дебитанти, но и дел од победниците, меѓу кои Мина Блажев и Наташа Малинкова. На фествалот ќе пеат Лена и Бојан Моротови, пинковите ѕвезди и ѕвездите на „Гранд“, Мартија Станојковиќ, Огнен Здравковски, Мартинијан Кириловски и Трајче Георгиев, а ќе настапат и Даниел Данн, Игор Узунов, Виктор Апостоловски и други Од авторските тимови се застапени речиси сите, што ќе му даде посебен квалитет на фестивалот”, рече на денешната прес-конференција Дојчиновски.

Според уметничкиот директор, Владимир Дојчиновски-Дојчин, познати се учесниците на фестивалот и во тек е финализирање на композициите:

,,Благодарност до општината и градоначалникот кои по втор пат му го доверија Макфест и оваа година. Годинава ни се враќаат дел од ланските дебитанти, но и дел од победничките имиња, како што се Мина Блажев и Наташа малинкова, но среќен сум затоа што на фестивалот се враќаат и поранешни победници и реномирани имиња од македонската естрада. Годинава на фествалот ќе ја имаме и Биба Додева, Росана Сариќ-Тодоровска, Елена Петреска, се враќа и Александар Ристовски-Принц, имаме интерсно дуо составено од Александар Митевски и актерот Драган Спасов-Дац. На фестиваот ќе настапи и Лена и Бојан Моротови, пинковите ѕвезди мартија Станојковиќ, Огнен Здравковски ,Мартинијан Кириловски и Трајче Георгиев, потоа Игор Узунов, Барбара, Виктор Апостоловски, како и тројца штипски изведувачи. Од авторските тимови, можам да кажам дека се застапени речиси сите, што ќе му даде посебен квалитет на фестивалот”, кажа Дојчиновски.

Во тек се и техничките подготовки за фестивалот. Постојат неколку идејни решенија за изгледот на сцената. Наградите се 5000 евра за прво место, 3000 евра за второ и 1000 евра за трето место, а техничките награди се по 500 евра поединечно, за најдобар аранжман ‘Драган Ѓаконовски – Шпато’, најдобар дебитант, вокална интерпретација и сценски настап.

Фестивалот е во организација на Општина Штип, со поддршка од Министертсвото за култура. Фестивалот и овој пат ќе се оддржи во домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

Scroll to Top