Познатите му дојдоа на промоција на албумот на Тони Зен

Во опуштена атмосфера со многу пријатели, соработници и музичари, хип-хоп артистот Тони Зен вчеравечер во ресторанот МКЦ го промовираше својот шести албум, „Од изворот на изборот“. Дани Димитровска, Пере Нокаут, Виктор Апостоловски, Мите Димовски, Eye Cue, Даниел Данн, беа само дел од гостите на промоцијата. Тони, пак, не го криеше задоволството што по подолго време промовира нова музика, осум песни на кои работел неколку години.

„Сите песни се инспирирани од моите лични искуства изминативе години. Овој албум се слуша со срце. Не случајно е акустичен и мирен. Музиката на албумот е посветена на вистината, љубовта и просветлението“, рече Тони на промоцијата.

Зен со Дани Димитровска

Албумот е сниман е во студиото Knobs Keys ‘n Stuff со Бојан Филиповски Gloomie, а миксот и мастерингот ги направи Мите Димовски во „Тралала студио“. Текстовите на песните ги напиша Тони Петковски – Зен, а музиката ја направи тој заедно со Кирил Бабамов (гитара) и Ратко Даутовски (перкусии).

Новиот албум на Тони Зен е во продажба од денес.

Пере Нокаут му подари вино на хип-хоп музичарот
Со продуцентот Мите Димовски
Виктор Апостоловски меѓу гостите на промоцијата

Фото: Стефан Рајхл

Scroll to Top