Познатите со неверување за смртта на актерот Славиша Кајевски: Зошто замина убавецу!

Смртта на актерот Славиша Кајевски ги најде затечени многу од неговите најблиски, пријателите и колегите. Откако утрово од Македонскиот народен театар објавија дека актерот трагично го загубил животот, на социјалните мрежи не престануваат да се простуваат од него. Неговите блиски, пред сè колегите, со тага и неверување, испраќаат пораки за својот починат другар и колега. Со пораки и фотографии се простија и неговите другари од класот од гимназијата „Раде Јовчевски -Корчагин“.

Кајевски почина на 39 години. Дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а од 2010 година беше вработен во МНТ, каде што играше повеќе од 20 улоги. Во неговата кариера сними неколку филмови и видеоспотови. Филмот „Хомо“, во кој ја имаше една од последните улоги, во моментов се прикажува на светските фестивали.

Scroll to Top