Пратеничка на СДСМ и градоначалникот на Валандово повредени во сообраќајка

Во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Демир Капија – Удово, кај местото „Маркова чешма“, потешко е повредена пратеничката на СДСМ Мери Лазарова, а со полесни повреди се здобил градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Кавадарци. Таму кај валандовскиот градоначалник се констатирани помали повреди, а кај Лазарова тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите, Лазарова била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Лазарова управувала со патничко возило „Опел Корса“ и удрила во одрон од камења на коловозот. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Scroll to Top