За време на втората вечер од 4та година по ред на „Златни денови“ во Кратово публиката беше понесена од прекрасното пеење на ѕвездата на вечерта и фестивалот, феноменалната, Калиопи. Градот ечеше од еуфорија и забава од незаборавната музика и пеење. Манифестацијата традиционално ја водеше единствената, Лила Стојановска.
Ноќта беше исполнета и од звуците на Етно составот – Вез од Штип кои ги исполнија неколку од најубавите македонски народни песни. Одлична забава приредија и незаменливите Пеперминт, а цело Кратово беше понесено и од Tribute to Бјело Дугме од Нови Сад кои ги свиреа најпознатите хитови на легендарните Бјело Дугме.
Забавата, како и секоја година, продолжи во базен дискотеката во Кратово.
Во недела, традиционално, се оддржа забава и за најмалите, оваа година позната како 3Д Журка – Дневна Детска Дискотека. Голем број на дечиња уживаа и се забавува со Ивце Пивце, добра музика, многу игри, награди и маскирани гости. На крајот на настанот добри мисли и убави желби испишани на балони, симболично беа “ослободени” од страна на присутните дечиња.
„Златни денови“ во Кратово беше одлична можност посетителите да се запознаат со историјата и културата на овој незаменлив град уживајќи во музика за сечиј вкус.
[URIS id=356845]