Пријателите дојдоа на гробот да му оддадат почит – една година од смртта на Влатко

Мина една година по трагичната смрт на македонскиот пејач Влатко Илиевски. Илиевски трагично го загуби животот на 33 годишна возраст. Тој беше пронајден мртов во неговиот автомобил во Скопје.

Неговите најблиски и пријатели со неверување ја примија веста за прерано завршениот живот на македонската музичка ѕвезда. Тие минатата недела се собраа на неговото вечно почивалиште на градските гробишта во Ѓорче Петров каде му оддадоа почит.

Во 2011 година Влатко Илиевски ја претставуваше Македонија на Евровизија во Германија, со песната „Русинка“. Покрај Илиевски Македонија ги загуби уште двајца евровизиски претставници Тоше Проески и Есма Реџепова.

Scroll to Top