Откако од вчера во медиумите и на социјалните мрежи се пишува за Тамара која ја утна химната на Македонија на приемот на американската амбасада, сега гори работава и во Прилеп. Па така прилепчани масовно на социјалните мрежи бараат организаторите да го откажат концертот на Тамара Тодевска кој е закажан за овогодишниот 17. по ред фестивал на скарата и пивото „Пивофест 2019”. Taмара, според програмата, треба да настапи на третата фестивалска вечер.
Ваквата реакција на прилепчани доаѓа по настапот на Тамара во американската амбасада, кога пеејќи ја државната химна ја изостави строфата каде се спомнуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански…
Тамара подоцна се извини преку нејзиниот фејсбук-профил, барајќи граѓаните да ѝ простат за овој нејзин пропуст.