Прилепчанката Александра Трајчевска го освои жирито и победи во онлајн талент шоуто Заблескај

Младата пејачка Александра Трајческа од Прилеп, победи во втората сезона на онлајн талент шоуто „Заблескај“.

Деветнаесетгодишната пејачка настапи со со џез песната Orange Colored Sky ѝ ги освои максималните бодови од жирито во кое беа композиторот Николче Мицевски, пејачката Александра Јанева, новинарот Антонио Димитриевски и модната дизајнерка Маја Кикириткова.

Во финалето се натпреваруваа 12 кандидати, а Александра ја освои главната награда од 1.000 евра и договор со пиар и букинг менаџер во времетраење од една година.

Scroll to Top