Холивудската актерка Скарлет Јохансон во интервју кажа дека на почетокот на нејзината кариера се чувствувала хиперсексуализирана и категоризирана, оти луѓето од филмската индустрија мислеле дека е постара, па затоа не ѝ ги давале улогите што ги сакала. Таа гостуваше во поткастот на Дакс Шепард „Експерт на фотелја“ каде што зборуваше за предрасудите со кои се соочувала пред да стане славна.
„Некако станав објективна и затворена на овој начин, се чувствував како да не добивам понуди за филмовите што сакав да ги работам. Се сеќавам дека мислев како луѓето веројатно мислеа дека имам 40 години. Затоа што сите мислеа дека сум постара и дека се занимавам со глумата подолго отколку што навистина бев, некако се лизнав во таа чудна хиперсексуална област. Сега гледам актери кои се во своите дваесетти и се чувствувам како да им е дозволено да пробуваат различни работи. Дојде ново време, луѓето се многу подинамични“, вели Скарлет во интервјуто.
Јохансон ја почна својата кариера како девојче, но се прослави кога имаше 17 години, со улогата на Шарлот во филмот на Софија Копола „Изгубени во преводот“ од 2003 година. За улогата таа ја освои наградата БАФТА за најдобра женска улога, по што се прослави во Холивуд. Актерката во филмот беше пет години помлада од нејзиниот лик во филмот, а глумеше покрај тогаш 52-годишниот Бил Мареј.