Кога пред неколку месеци се појави промотивното видео за третиот дел филмот „50 нијанси послободен“ многу бргу беше отстрането од Јутјуб каналот и покрај големата популарност кај публиката.
Видеото повторно е достапно, и според прегледите на видеото, обожавателите покажаа голем интерес за тоа како ќе заврши оваа трилогија.
Во третото продолжение на филмот во фокусот е медениот месец на Анастасија и Кристијан, венчавката, бременоста на Ана, но и турбуленции што ги најави и крајот на „50 нијанси потемно“.
Актерите Џејми Дорнан и Дакота Џонсон остануваат во главните улоги. Премиерата на филмот е на Денот на вљубените, 14 февруари следната година.