Пронајдено безживотното тело на голманот Никола Даниловски

Утрово од водите на Охридското Езеро е извадено беживотно тело на голманот на РК Охрид и македонски репрезентативец, Никола Даниловски.

Телото на 26-годишниот ракометар било пронајдено во близина на туристичката населба Лагадин.

Според првичните информации, нема траги на насилство врз телото, истрагата ќе ги утврди причините за настапувањето на смртта.

Никола Даниловски претходно бранеше и за Металург и Еурофарм Пелистер.

Scroll to Top