Македонскиот тенисер, Калин Ивановски имаше успешен старт на турнирот во Монастир, Тунис што се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 американски долари.
Ивановски го има статусот на петти носител. Во почетната рунда го доби Ленид Боика со 2-1 во сетови. Средбата траеше два часа, Македонецот отвори со 6-3, противникот возврати со истиот резултат во вториот сет за да решавачката рунда заврши со 6-0 за нашиот ас.
Противник во полуфиналето ќе му биде победникот од мечот меѓу Том Еванс од Австралија и Никола Тепмак од Франција.