Првата дама се вакцинира против коронавирусот

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, докторка Елизабета Ѓеоргиевска, која работи на Клиниката за стоматологија, се вакцинира против коронавирусот. Заедно со своите колешки од одделението за детска и превентивна стоматологија таа ја прими вакцината, а сликите ги објави на социјалните мрежи.

„Вакцинирање против Ковид-19“, напиша таа, па освен честитки за 8 Март, доби пораки за добро здравје и за неа и за сопругот, но и пофалби за работата на сите здравствени работници во време на пандемија.

Доктор Елизабета работи на Клиниката за стоматологија, без разлика што нејзиниот сопруг стана претседател. Во интервју за „Репортер“ таа ни откри дека не ги прекинала ни предавањата на Стоматолошкиот факултетот, каде што е професор.

 

Scroll to Top