Првите три месеци од бременоста беа тешки

Поп-пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски го очекуваат раѓањето на своето прво дете. Сара влегува во петтиот месец од бременоста и вели дека сега се чувствува одлично.

„До третиот месец имав проблематична бремност. Многу ми се лошеше, ама сега сум кул. Добро ја поднесувам бременоста. Не знаеме дали е момче или девојче, ама со Димитар сме среќни што ќе станеме родители“, рече Сара за „Репортер“.

Таа ни раскажа дека води активен живот, дека настапува постојано и со Македонската филхармонија, ама се подготвува и за настап на детскиот фестивал „Поточиња“, што ќе се одржи овој викенд. Сара ќе има неколку настапи со децата од хорот.

„Викендов ќе имам настапи со децата од хорот ‘Поточиња’ со кои ја снимив новата песна на фестивалот. Секојдневно се дружам со нив, вежбаме, пробуваме… Тие ми го будат мајчинскиот инсинкт“, додаде Сара за „Репортер“.

Сара и Димитар стапија во брак летово, а нивната свадба беше една од најинтересните и за неа долго се зборуваше во јавноста.

А. Георгиев

Scroll to Top