Публиката им направи мерак на ДНК во Лешок: За овој концерт ќе им раскажуваме на внуците во пензионерските денови

ДНК викендов пееја на фестивалот во Лешок и велат дека тоа бил најдобриот концерт на отворено на целата нивна роденденска турнеја, со многу позитивна енергија. Панчо и Андреј, и целиот бенд се толку воодушевени од публиката, што велат дека за овој концерт ќе им раскажуваат на внуците кога ќе бидат пензионери.

„Дечки, вчера во Лешок беше нереално. Дефинитивно ни се случи најдобрата свирка на отворено во текот на целата досегашната турнеја. Ненормално добра и позитивна енергија, буквално од секој еден кој вчера беше присутен. Тетовчани докажаа дека се едни од ретките чувари на македонската музика и мотиватори за да продолжиме со творење на нова. Браво за организаторот Кајо и целата негова екипа која направи врвен настан. Тетовчани драги, фала ви од срце за уште еден епски ДНК концерт кој со сигурност ќе остане во топ 10 настапи што ќе ги прераскажуваме на внуците во нашите пензионерски денови“.

ДНК годинава слават 20 години од нивното формирање, а јубилејот го одбележуваат со концерти во градовите низ Македонија. Роденденската турнеја ќе ја завршат во Скопје во декември.

Фото: Тоне бандитс

Scroll to Top