Македонскиот актер, пејач и шоумен Игор Џамбазов објави предлог како треба да се прославува 1 Мај. Во негов стил со доза хумор Џамбазов вели: „Први мај од соништата: Работниците на шопинг во Дубаи, директорите на штрајк пред Владата“.
Неговите фанови коментираат „така е дури слушам авионските карти ќе им ги плати владата“, „уште да стане реално“, „денес е 1 мај или 1 април“, се дел од коментарите.