Ракометарите кршеа лепче со паричка и оваа година без семејствата за Бадник

Ракометната репрезентација и оваа година го обележа големиот празник Бадник. Бадниковото лепче се кршеше денеска, а паричката се падна кај Мартин Серафимов.

Од 2012 па наваму, македонските репрезентативци најголемите празници не ги минуваат во кругот на семејство, туку во подготовки за големите натпреварувања.

Македонија на ЕП кое годинава ќе се игра во Словачка и Унгарија во групата А ќе игра против Словенија, Данска и Црна Гора, а првиот натпревар против Словенците се игра на 13 јануари.

 

Scroll to Top