Пејачката Тијана Дапчевиќ рече дека веќе никогаш не би влегла во некое реално шоу по учеството во „Парови“ и „Фарма“.
„Тој филм нема да го гледате ни за милион години. Знаеш ли јас како ги доживувам тие реални шоуа што моментно се емитуваат во Србија и кои се најгледаниот формат? Јас тоа го гледам како да си ставил три камери на одделението Ц во Бардовци. Имам психолози што го гледаат тоа и ги прашувам зошто, ми викаат како социолошки феномен. А луѓето што ги гледаат, широките народни маси, си викаат: Види што има, јас сум супер“, вели Дапчевиќ кога гостуваше во „Бекстејџ“ .
Пејачката во минатото учествуваше во две реални шоуа, поточно во „Фарма“ во 2009, од каде што беше исфрлена по пет дена учество, а заедно со својот сопруг Милан Дапчевиќ го напуштија шоуто „Парови“ во 2011.
Своевремено, по исфрлањето од „Фарма“, пејчката за српските медиуми истакна дека никогаш не припаѓала на кланови и дека успеала во својата мисија да ги смири пејачките Цакана и Маја Николиќ. Тогаш исто така изјави дека ѝ недостигал синот и дека не успеала да се вклопи во средина во која луѓето само се расправаат.
А одлуката за напуштање на шоуто „Парови“ била донесена кога забележале дека публиката повеќе не сакала да се дел од шоу-програмата и сакале таа желба да ја почитуваат.
„Баравме од луѓето да не гласаат за нас, луѓето не гласаа за нас, изгубивме во гласањето и мислам дека е редно да си одиме дома. Само вие уживајте и понатаму, борете се, ние си одиме дома, се забавувавме и за вас, сега сме врзани ко црева“, им порача таа своевремено на преостанатите учесници во реалното шоу.