Ребека ја израдува Бубе

Љупка Бубе Илевска е една од оние кои особено ги следат случувањата на македонската музичка сцена. Постојано е во контакт со домашните јавни личности, особено пејачите и се радува на секое внимание што го добива од нив.

Интересно е тоа што на социјалните мрежи сите без двоумење ја прифаќаат за пријателка, а таа искрено се радува на секој напишан збор што го добива во пораките на својот фејсбук-профил.

„Ребека ми е една од омилените пејачки. Уште одамна ја имам слушнато како пее и ми се допадна. Таа е многу добра личност. Многу ја сакам, и таа секогаш ми пишува. Најново е што од неа добив автограм и честитка за мојот роденден и тоа ме направи многу, многу среќа“, ни раскажа Бубе Илиевска.

Ребека, пак, вели дека особено ја радува што успева да ја направи Бубе среќна.

„Кога и да ми напише нешто јас секогаш ѝ враќам, таа е многу добра, се радува на сè… зошто да не ги направиме среќни тие кои навистина заслужуваат среќа“, ни раскажа Ребека.

Бубе ни се пофали дека омилена ѝ е и поп-пејачката Елена Ристеска, со која често комуницира. И таа за роденденот ѝ напиша порака во која ѝ посакува сè најубаво.

А. Георгиев

Scroll to Top