Ребека: Ние тивко умираме

Ребека Јанковска-Ристески, која одамна музиката ја замени со хуманитарни акции, апелира до надлежените органи во земјава да преземат мерки против екстремното загадувањето со кое се соочуваме години наназад. Таа неодамна во интервју за „Репортер“ рече дека е зачудена што нема вистинска реакција за да се реши проблемот. На почетокот на интервјуто направи вистинско изненадување кога стави заштитна маска преку лицето, па ни откри дека не излегува од дома без маската.

„Носам маска за да испратам порака. Не можам да се изначудам зошто никој од надлежните вистински не реагира на екстремено загадениот воздух во Скопје и во другите градови во државава. Ние тивко умираме. Ова што го вдишуваме не убива. Гледам деца шетаат на улица, бебиња, а не е за на улица работава. Работава е за дома седење“, рече Ребека.

Скопје изминатите години во зимскиот период е на врвот на листата најзагадени градови во светот, но голема загаденост има и во Битола, Гостивар, Тетово, Велес и во други градови низ Македонија.

„Мора да реагираме. Оваа атмосфера, овој смог, овие ПМ10 честички што ги вдишуваме не убиваат. Мора сите ние да реагираме и мора да ги менуваме работите“, додаде Ребека.

(А. Георгиев)

Scroll to Top