Ребека прослави 15 години брак со своја стара песна

Пејачката Ребека Јанковска-Ристески и нејзиниот сопруг Милан Ристески пред два дена прославија 15 години брак. По тој повод, Ребека преку својот фејсбук-профил му посвети стихови на својот сопруг.

„Едно сме. Љубов чиста, многу милна. Те сонив, сретнав и те вкусив пред 26 години. Денес, 15 години брак пред Бога. Сѐ уште си тука“, напиша Ребека споделувајќи своја постара песна со наслов „Едно“.

Минатата година, кога прославија годишнина од бракот, Милан ѝ посвети неколку убави реченици на својата сопруга на „Фејсбук“.

„На денешен ден, 2006 година, жена ми и јас на нашата венчавка. Во ноември 2006 се породи и пак си се врати во форма, потоа во 2013, пак се породи, и пак се врати во форма. Јас никако да се породам… шега на страна. Ти благодарам, љубов моја, што ме трпиш, иако не сум лесен за трпење. Те сакам исто како и во 2006 и во 2013“, напиша Милан минатата година.

Инаку, Ребека и Милан се родители на три машки деца: Маркијан, Макариј и Доротеј.

Scroll to Top