Реклама за накит или трета свадба за Лила?

Познатата водителката Лила Филиповска на својот инстаграм-профил објави фотографија на која е со прстен на рака.

„Дали да кажам да“, ги прашува таа своите фанови. На анкетното прашање, 75 проценти кажаа ДА, останатите 25 проценти рекоа НЕ. Водителката не одговори дали добила понуда за брак и дали навистина ќе се мажи, иако редакцијата на „Репортер“ неколкупати се потруди да ѝ земе изјава.

Прстенот на раката можеби навистина е трета среќа за Лила. На фотографијата на „Инстаграм“ се редат честитки од фановите.  Но, некои, пак, велат дека водителката, наводно,  рекламирала накит, оти не е тајна дека таа е заштитно лице на една позната златарница во Скопје. Во пресрет на Св. Валентин таа на својот инстаграм-профил ги потсети своите фанови дека доаѓа Денот на вљубените и време е за подароци, посочувајќи ја и златарницата за која го рекламира накитот.

Scroll to Top