Режисерката Тамара Котевска во друштво на Амал Клуни во Венеција: Чест ми е што се сретнав со еден од најголемите светски борци за човекови права

Тамара Котевска, корежисерката на „Медена земја“ одржа говор на 80. издание на „Филмскиот фестивал во Венеција“ за нејзиниот нов документарен филм The Walk.

Тамара на фестивалот била во друштво на сопругата на Џорџ Клуни, Амал како и самиот Клуни.

„80. Меѓународен филмски фестивал во Венеција. Чест ми е што се сретнав со еден од најголемите светски борци за човекови права: Амал Клуни“, напиша Котевска.

Инаку режисерката беше облечена во црно бела комбинација со интересен крој на панталонитеи кроп- блузата.

Котевска зборуваше во рамки на настанот Lights Camera Impact, за филмови кои имаат моќно социјално влијание и прават општествена промена. Покрај неа поканети се уште двајца автори чии филмови направиле влијание врз општеството за промена на свеста на луѓето за важни социјалните теми.

Котевска ќе зборува на1 септември во рамки на настанот Lights Camera Impact, за филмови кои имаат моќно социјално влијание и прават општествена промена. Покрај неа поканети се уште двајца автори чии филмови направиле влијание врз општеството за промена на свеста на луѓето за важни социјалните тему.

Една од наградите кои Котевска во 2019 година во Санденс ги освои за документарецот „Медена земја“, беше и онаа за „Влијание за промена“. Котевска на фестивалот ќе го најави новиот долгометражен документарец The Walk, кој ќе има светска премиера на Њујоршкиот фестивал во ноември.

Scroll to Top