Македонски победник во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески, ќе му биде помошен ментор на Стефан Величковски на патот до големото финале, закажано за јуни 2019 година.
„Стефан доби ментор од жирито на ‘Гранд’ ѝ верувам дека ќе му помогнат многу. Но тука сум и јас за сè што му е потребно. Тој е искрен, скромен и фин дечко, но истовремено квалитетен пејач и одличен музичар. Му посакувам многу да напредува и да го исполни својот сон“, вели Ристе Ристески.
„Чест и задоволство ми е да го имам токму Ристе Ристески на своја страна. Несебично ми дава совети и поддршка цело време, сепак има искуство и точно знае како да владее со сцената“, вели Стефан Величковски.
Величковски во моментов е актуелен со својот ангажман како манекен во модната агенција „Моделс ин“, но и со возобновување на радискиот хит „Искрен пред себе“ од 2010 година за кој наскоро ќе промовира и видеозапис.