Ристе Ристески се пресели во Србија, па не знае кој ќе пее за Македонија на Евросонг

Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ од пред две години, Ристе Ристески, гостуваше во емисијата „Гранд магазин“ каде што го промовираше спотот за песната „Неизлечиво“. Освен што зборуваше за животот во Србија и новата песна, тој на водителите им откри дека сака еден ден да пее на Евровизија. Но, не знаеше да им каже кој е годинашниот претставник на Македонија на „Евросонг“.

„Мислам дека се уште немаат избрано кој ќе оди оваа година“, рече Ристе во емисијата.

Видеото од гостувањето на Ристе се појави и на социјалните мрежи, а македонските фанови му порачаа дека претставникот и песната се избрани пред неколку недели. „Откако живееш во Белград, заборави на Македонија“, е еден од коментарите за Ристе.

Пејачот пред неполна година се пресели во Србија. Тогаш откри дека сака да го изработи договорот со „Гранд продукција“, но и дека ќе се обиде да изгради кариера таму.

Scroll to Top