Пејачот Ристе Ристески неодамна се пресели во Белград за да гради кариера. Победникот на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, во едно скорешно интервју во емисијата „Гранд магазин“ откри дека српскиот пазар е многу поголем и подобар за неговата работа, па затоа се решил на ваков чекор.
„Јас сум тука веќе една недела, земав стан во кој ќе живеам. Заради настапите во Македонија досега не го направив ова, ама мислам дека е време за промени“, вели Ристе во интервјуто.
По победата во музичкото шоу Ристе ја сними својата прва песна „Добро утро тајно“, а како што најави, веќе работи на својата нова песна.