Ристовски играше против идолот Фернандо Торес

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски се пофали дека играл против својот идол, Фернандо Торес. Ристовски настапува за „Спортинг Лисабон“. Неговиот клуб беше елиминиран во Лигата на Европа од екипата на „Атлетико Мадрид“, каде што игра Торес.

Младиот фудбалер на „Фејсбук“ објави фотографија на која пред 10 години е сликан со Торес пред натпреварот Македонија-Шпанија, и за споредба, фотографија на која е во дуел со него.

„Пред десет години и вчера со својот идол!“, стои на страницата на Ристовски.

Иако „Спортинг“ победи со 1:0, тие го загубија претходниот натпревар од „Атлетико“ со 2:0, по што се елиминирани од понатамошното натпреварување.

 

Scroll to Top