Рижото со пилешко по рецепт на Ања Ветерова

Младата пејачка Ања Ветерова вели дека меѓу омилените јадења ѝ се тестенини карбонара, лазањи и рижото со пилешко. Сите тие јадења знае да ги подготвува, а за „Репортер“ сподели како таа подготвува рижото.

„Ова е количина за четири лица. Потребни се 500-550 гр пилешки стек, 250 гр ориз, 750 мл вода, 1 лажица зачинал, малку црн бибер и пармезан по вкус. Месото се сечка на мали коцки и се пропржува. Се зачинува со малку бибер и сол, а потоа се става малку вода за да се издинста. Во длабок сад се става водата да проврие. Се зачинува со зачинал. Кога ќе испари водата од садот со пилешкото, во садот се става оризот. Убаво се промешува, па се става малку жешка вода. Водата се додава на неколку пати, а смесата со оризот и пилешкото се меша без престан за да не залепи оризот на тавата. Кога оризот ќе се свари, рижотото се става во чинии и се послужува со пармезан, или ако немате, може и со мешан кашкавал“, вели Ања.

Scroll to Top