Роберт Билбилов направи ремикс на хитот „Не сум твој тип“ на „Дупер“

Хитмејкерот Роберт Билбилов објави ремикс на песната „Не сум твој тип“ на бендот „Дупер“, која беше потркепена со видео клип изработен од Зоран Зонде Стојановски.

„Од толку слушање песнава земав ремикс ѝ направив. Дупер дечки, ваш фан уште од сам старт“, напиша Билбилов на фејсбук, претставувајќи го ремиксот на деби-синглот на сè попопуларното трио „Не сум твој тип“.

Бендот Дупер, кој го сочинуваат Илчо Нечовски (вокал и бас-гитара), Мартина Баракоска (тапани) и Борис Какуринов (гитара и клавир), ја освоија македонската публика уште со првиот сингл насловен како „Не сум твој тип“.

Scroll to Top