Русјаков: Јас сум понижен

Уметникот Александар Русјаков на социјалните мрежи напиша пост по повод денешниот протест на граѓаните на Република Македонија за неменување на уставното име на државата.

Русјаков во статус го изрази својот став за преговорите за промена на името со Грција.

Русјаков вели дека се чувствува понижен како човечко битие и ги прашува западните сили и сите, како што пишува неистомисленици и непријатели на македонски идентитет, зошто им пречи како Македонец? Зошто не смее да се нарече Македонец? Зошто неговите браќа и сестри не смеат да бидат Македонци? Зошто неговата татковина не смее да се нарекува Република Македонија? Зошто може Гркот да се нарекува Македонец, а тој не? Зошто мора да си го промени името македонско за да станеме дел од унијата на држави? Зошто мора да се откаже да биде Македонец за да влезе во воен сојуз?

Во име на која подобра цел се сите овие понижувања?

Русјаков беше дел и од граѓанското движење „Македонскиот манифест“, заедно со уште неколку интелектуалци, каде што исто така се залагаше за прекин на преговорите за името.

Scroll to Top