Десетгодишниот Јане Велковски кој стана светски познат поради големата љубов кон фудбалот, неодамна беше на прием во Руската амбасада во Скопје, по повод Денот на Русија, пред почетокот на светското фудбалско првенство.
Јане, од рускиот амбасадор Олег Шчербак и од фудбалската легенда Дарко Панчев на подарок доби фудбалска топка, руски дрес и маскота на светското првенство.
„ Се надевам дека и Македонија еден ден ќе учествува на Светското фудбалско првенство и дека и јас некогаш ќе можам да следам некое од првенствата во живо. Кога веќе Македонија не учествува, навивам прво за Србија , а потоа за Франција“, изјави Јане за Женски Магазин.
Кога ги добил подароците, на сцената, Јане на гостите им се заблагодари на руски велејќи „спасиба“.