Сакам да вреснам од тага, планина да поместам – Елена Ристеска се сети на починатиот татко

Поп-пејачката Елена Ристеска секогаш со многу емоции зборува за нејзиниот починат татко. Таа често го спомнува во своите интервјуа, го нарекува најголемата поддршка што некогаш ја имала, а споделува и стари семејни слики и раскажува приказни од детството поврзани со него. Елена со емотивна порака се сети на татка си и на денот на неговиот роденден.

„Пробувам цел ден да не мислам и да не плачам, ама… те стигаат и солзите и спомените колку и да си цврст и јак… ќе ти беше роденден денес, 14 јули, па ќе прославевме… ќе ти посакав здравје, среќа, внуци… И секако, ќе кажеше: ‘Само вие да сте ми добри, друго ништо не ми треба’. Ама ете, судбина, те нема. А се повеќе си ми потребен, од било кога.. И нејќам статуси, патетики, ама толку многу сакам да вреснам од тага што, мислам дека планина ќе поместам. Стиснувам заби и го пишувам ова, ни сама не знам зошто јавно. Ама ете, веќе ништо не е исто, само болката е поголема тато!“, напиша Елена покрај фотографијата што ја објави на „Инстаграм“.

Таткото на Елена почина пред скоро три години по долга борба со ракот.

Scroll to Top