Вчера почина таткото на актерката глумицата Весна Петрушевска, која веста ја објави на социјалните мрежи. Се прости од својот татко Кирил, чие име го носи и синот на Весна, а со емоции раскажа за љубовта на нејзините родители за која вели дели траела од тинејџерските години. Мојот татко беше со дух и шарм, вели Весна и додава скршена од болка: губам воздух , неможе да престанам да плачам“.
Нејзината сестра Маја Петрушевска, долгогодишн новинар на Би-Би- Си, која живее во Лондон, објави емотивен статус и раскажа каков бил нивниот татако. Од тоа деека бил шизик и шмеќер до горд Скопјанец од Чаир до Ново Маало…..
„Кога ќе дојдеше во Лондон, од желба да ти покажам се што сакав, веројатно раат не виде од моите планови. Се додека последниот пат, веројатно знаејќи дека те чека километража на патиките, мангупски ми рече – Маја, тоа зградите во Лондон не се смениле стотици години, гарант не се смениле од последниот пат, пак ли да ги гледам? Ај пушти ми вести на лаптопот. Тука сум вас да ве видам, Лондон сум го видел.
Кога доаѓав во Скопје, немаше шанса да не ме пречекаш на аеродром. Дури и кога се движеше со тешкотии, ќе се качеше на кола и ете ти го во Петровец.
Имам само една молба до тебе тато. Да ми доаѓаш на сон, често. Да се смееме на глас и да јадеме леблебии. Ти ветувам бербат ќе ги направиме и панталоните, и маиците и кондурите.
Те сакам тато.
Почина таткото на Весна Петрушевска, актерката со емоции се прости од него