Миленикот на македонската публика, Ален Хасановиќ на својот Фејсбук профил објави дел од набиената агенда на настапи, свирки и концерти за наредниот период.
Скопје, Битола, Росоман, Македонска каменица, Прилеп, Дебар и Гевгелија се македонските градови во кои публиката ќе може да ужива заедно со Ален Хасановиќ. Неговата кариера во „Ѕвездите на Гранд“ му овозможи и концерти надвор од Македонија, па така публиката наскоро ќе може да го види во Белград и во Бродарево во Србија, но и во елитниот клуб „Black Horse Fuida“ во Германија.
Песната и каверите на Хасановиќ бројат милиони на Youtube и се наоѓаат на врвот на сите топ листи во регионот, но пејачот за наредните денови ја најавува и својата најнова авторска песна која ќе го носи насловот „Волим те“.
Во очекување на новиот хит од Ален Хасановиќ, слушнете го уште еднаш неговиот дует со колешката Белма Карсиќ.