САМО НЕГО ТОА МУ УСПЕВА: Ален Хасановиќ ќе одржи концерт во најелитниот клуб во Германија!

Миленикот на македонската публика, Ален Хасановиќ на својот Фејсбук профил објави дел од набиената агенда на настапи, свирки и концерти за наредниот период.

Скопје, Битола, Росоман, Македонска каменица, Прилеп, Дебар и Гевгелија се македонските градови во кои публиката ќе може да ужива заедно со Ален Хасановиќ. Неговата кариера во „Ѕвездите на Гранд“ му овозможи и концерти надвор од Македонија, па така публиката наскоро ќе може да го види во Белград и во Бродарево во Србија, но и во елитниот клуб „Black Horse Fuida“ во Германија.

Песната и каверите на Хасановиќ бројат милиони на Youtube и се наоѓаат на врвот на сите топ листи во регионот, но пејачот за наредните денови ја најавува и својата најнова авторска песна која ќе го носи насловот „Волим те“.

Во очекување на новиот хит од Ален Хасановиќ, слушнете го уште еднаш неговиот дует со колешката Белма Карсиќ.

Scroll to Top