Сања Барби раскажа за затворот во Виена

Македонската фолк-пејачка Сања Цинцева, позната како Сања Барби, преку своите профили на социјалните мрежи демантира дека завршила во затвор во Виена, Австрија. Откако некои медиуми напишаа дека Сања била во врска со женет маж од Австрија и дека со него се степала, па двајцата биле приведени од полицијата, таа вели дека таквите пишувања се измислени и лажни.

„По неточните информации, измислици, клевети, сакам да ја информирам македонската јавност, моите пријатели, фанови, дел од естрадата и луѓето со коишто соработувам дека не сум во Виена и не сум во никаков затвор. Ова е една голема измислена приказна“, пишува меѓу другото Сања.

Фолк-пејачката, која во јавноста е најпозната по песната „Министерка“, постојано настапува во кафулиња и дискотеки во земјава, но и кај нашинците низ Европа.

Scroll to Top