Сања Савеска е новата водителка во кулинарското шоу „Брза кујна“. Сања доаѓа на местото на Александра Илиевска и заедно со Марк де Јонг и Никола Мишковски веќе го почнаа снимањето на шестата сезона.
Сања е познат телевизиски лик од утринската програма и информативниот дел на Телевизија 24.
„Ново освежување“, „Редно беше да почнете“, „Каде е Александра“, беа само мал дел од коментарите на фановите.