Директорката на УЈП, Сања Лукаревска синоќа се забавуваше во скопски локал каде настапија сестрите Маријана и Росана. Лукаревска уживаше во евергрините „Признавам“ и „Едно срце имам душо“, кои пејачките по неколку децении ги запеаја заедно.
„Едноставно најдобри“, рече Лукаревска, по настапот.
За потсетување, Маријана повеќе од 30 години живее во Австралија, а летово е на одмор во Македонија. Идејата за нивниот заеднички настап беше на Александар Митевски и Драган Спасов – Дац, па вчера беше вистинско шоу со прекрасните песни кои не ја оставија публиката рамнодушна и која во еден глас пееше со сестрите.
Емоции, љубов, музика: Маријана и Росана по 20 години пееја заедно во Скопје