Поранешната манекенка Сања Николиќ и нејзиниот сопруг, Марко Маринковиќ – Слаткар, во Загреб се дружеа со хрватскиот тениски ас Горан Иванишевиќ. Фотографијата ја објави Сања на својот инстаграм-профил.
„Горан Иванишевиќ – за мене најголемиот тенисер на сите времиња! Единствениот кој го има освоено ‘Вимблдон’ со влез со вајлдкард. Негова најголема животна титула? – Ја освои мојата најдрага Нивес Симпсон“, напиша Сања.
Во Загреб друштво им прави и Александар Дадар. Тој ги придружуваше Сања и Слаткар во Венеција каде што го снимаа последниот спот на Слаткар, „Луда романтика“.