Фолк-пејачката Сани Гроздановска направи роденденска забава и крштевка за помалата ќерка Ева, која пред неколку дена наполни една година. Ева е ќерка на Сани од бракот со Мартин, со кого таа се омажи лани во септември по неколкугодишна врска.
„Цела е на татко ѝ“, ѝ напишаа пријателите на Сани на сликите што таа ги сподели на социјалните мрежи.
Освен Ева, Сани ја има и ќерката Викторија од првиот брак. Откако се породи, пејачката во неколку интервјуа рече дека Викторија ја обожава својата помала сестра.