Сара повторно вљубена

Откако ги завршија работните обврски, Сара Мејс како професор во музичко училиште, а Димитар Атанасовски со квизот „Арена“, заминаа на одмор во Грција. Тие деновиве на своите инстаграм-профили објавуваат интересни фотографии од летувањето.

На одморот Сара како да се вљуби повторно во Димитар, па го спореди својот сопруг со Посејдон, богот на морето. Таа објави слика на која се на празна плажа, а Димитар е единствениот што останал да плива на дожд. Диме, пак, објави заедничка слика на која напиша дека ова е прв одмор на кој одат два ипол луѓе, бидејќи Сара е бремена со нивното прво дете.

Сара и Димитар се во брак една година. Пејачката наскоро ќе влезе во осмиот месец од бременоста. Двојката неодамна изјави дека не го знаат полот на бебето и дека сакаат тоа да биде изненадување.

Scroll to Top