Македонскиот кардиолог и академик Сашко Кедев го освои и седмиот највисок врв на светот Даулагири 1 на Хималаите, висок 8.167 метри. Покрај него се искачија и 21 член од експедицијата, водена од тимот на „Мингма Џи“, која е прва сезонава што се искачи на врв над 8.000 метри.
Dr. Sashko Kedev, renowned Macedonian politician, climber, and doctor, who was a candidate of the president of Macedonia in 2004 was among many climbers to have summited Dhaulagiri I (8167 m) today. https://t.co/yEg2rNOQ5F
— Chhabi R. Pokhrel (@crpokhrel) April 9, 2022
Даулагири е планински венец на најзападниот дел од Хималаите, кој до 1832 година се сметал за највисок врв на Хималаите. Покриен е со леденици и прв го освоила швајцарска експедиција во 1960 година.
Кедев ги има освоено сите седум највисоки врвови на сите континенти, а лани на 27 септември вторпат го освои осмиот највисок врв во светот Манаслу (8.163 м).
Сашко Кедев го искачи осмиот највисок врв во светот, Манаслу на Хималаите