Македонскиот алпинист, д-р Сашко Кедев со десетмина планинари, утрово по локално време се искачи на врвот Нага Парбат висок 8.125 метри, на планинаскиот масив Каракорум во Пакистан, информира „Непал њус“.
Тим од петмина алпинисти од повеќе земји, и петмина непалски шерпаси успешно го искачија деветтиот највисок врв во светот.
По Нанга Парбат, д-р Кедев со истиот тим ќе се искачи и на GI и GII (Гашербрум 1 и 2), два други врва во Пакистан повисоки од 8.000 метри. По ова, тимот ќе учествува и во експедицијата на К2 (8.611 м.) – вториот врв по височина во светот.
Кедев ги има освоено највисоките врвови на сите седум континенти, меѓу кои и Еверест, во 2009 година. Пред две години, кардиологот го искачи и врвот Манаслу, (8.156) метри е осмиот највисок планински врв на планетата.
Фото: Непал њус