Сашко Коцев и Биљана Драгичевиќ-Пројковска избрани за најдобри актери на фестивал во Пустец

Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска ја доби наградата за најдобра актерка на фестивалот „Македонско културно лето“ во Пустец, Република Албанија. Таа е добитник на наградата за улогата на Кармен во истоимената монодрама.

Нејзиниот сопруг режисерот Дејан Пројковски ја доби наградата за најдобра режија на „Кармен“, која е прогласена и за најдобра претстава на фестивалот.

Фестивалот „Македонско културно лето“ по 15 -ти пат се одржува во Пустец, од 1 до 5 јули.

Награда за најдобра млада актера доби Жаклина Петровска-Милјановска, за улогите на Марта, Цеце, Жаклина, Елена, во „Анатомија на неверството“, од Театар „Комедија“. Сашко Коцев, најдобар актер за улогата на Паун во „Не се клади на Енглези“, од МНТ.
Scroll to Top