Сашко не му дојде на „Златна бубамара“, ама Ранко му дојде на премиерата на новиот филм

„Златна бубамара на популарноста“ оваа година помина без Сашко Коцев. Актерот не се појави ниту како водител, ниту во публика, а и се шпекулираше дека не се во добри односи со Ранко.

На вчерашната премеира на филмот „Нешто слатко“ во кој главните улоги се Сашко Коцев и Јелена Јованова,  Ранко Бубамара дојде да го поддржи пријателот и независниот македонски филм.

При гостувањето на Коцев во Репортер, раскажа зошто оваа година тој не беше помеѓу водителите на „Златна бубамара“.

„Беше една гужва во театарот, пред короната имаше голем број претстави кои што пропадна, во време на таа излоација не смеевме да имаме претстави во кои има повеќе од 4 или пет актери на сцена. Јас бев многу сконцентриран на тоа претставите да се вратат на репертоар, кои што мене ми значат и на театарот. И тоа се се случуваше во ист период од месец, месец ипол. Тоа беше една работа, во тој период јас два пати бев до Словенија, се вратив од таму, четири дена пауза, потоа пак почнаа проби театар, папотоа пак се вратив за премиерата. Неколку дена пред Бубамара стоевме на тоа дека јас ќе се појавам, но потоа му се јавив на Ранко и му реков јас тоа немам сила да го направам тоа“, раскажа Коцев за Репортер.

 

Scroll to Top