Сашо Тасевски: Кучиња скитници пред мои очи ќе растргнеа жена со дете

Актерот Сашо Тасевски викендов ѝ помогнал на жена со дете да се одбрани од улични кучиња, откако бил сведок на нападот во населбата Аеродром. Својот револт заради проблемот со кучињата скитници го сподели и на „Фејсбук“. Вели, ако не се исчисти градов од кучиња, ќе треба луѓето да се „исчистат“ .

„Решете ги џукелите под итно. Ваша работа е на кој начин. Пет пари не давам за тоа како. Ни Анима ни анама. Сега во Аеродром, ко се враќав од кај мајка ми, седум ко магариња големи, нападнаа жена со детенце. Минуваа најнормално, не ги ни забележија, покрај контејнерите на три метри од нив. Она е страшно, што можеше да се случи. Да не се стрчавме кон џукелите јас и едни дечки што поправаа возило, ќе ги искинеа ко ќеса. Возам кон дома не можев да се приберам. Јебо вас бог, направете нешто. Чистете го градов од нив или ние да се чистиме. Што треба? Вооружени да шетаме?“, напиша актерот на „Фејсбук“.

Според статистиките, секој ден во Скопје по неколку луѓе пријавуваат напад или каснување од кучиња скитници.

Scroll to Top