Се исплакав на скалите од старата куќа во Бекирлија – Атиџе има нов дом и промовираше песна

Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова го промовираа прв албум „Пола мене-пола тебе“, онаа позната реченица на  Атиџе пчеларката од селото Бекирлија, за чија приказна преку документарецот „Медена земја“ дозна целиот свет.

Албумот има осум песни, на македонски и  турски јазик, а го промовираа Скопје и двете пријателки кои се и автори на повеќето песни. Песните се снимани во студиото на Роберто Поп-Димитров „Кентаур“, кој е исто така дел од авторите.

Првата песна  „Иста судбина“, во придружба на „Ми каса бенд“, ја испеаја со многу моции, оти какошто  велат, судбината ги спои овие две жени, а и во песните познатата пејачка и водителка Сузана Турунџиева вели дека има чувство како цел живот да ја познава Атиџе.

Благодарение на хуманоста на многу пријатели на Турунџиева, Атиџе и нејзиниот брат Феим сега се преселени во новата куќа во селото Дорфулија.

„Малку поплакав кога се селев од Бекирлија, седев на скалите на старата куќа и плачев. Ми падна жал за моето село, таму сум го поминала целиот живот. Од петокот сум преселена во новата куќа. Многу ни е убава куќата“, рече  Атиџе по промоцијата.

 

Се промовираа и два нови спота, за една турска народна песна и за песната која Турунџиева ја напиша, а се вика едноставно, „За Атиџе“. И двата спота се снимани во Истанбул, од каде што двете дами неодамна се вратија .

„Оваа песна е моја ода на благодарност кон Атиџе. Таа ме научи да го сакам живитот и кога е суров. И кога врне дожд, таа се радува и вели  бериќет.  Со женските здруженија со кои бевме во Турција се трудиме да ѝ обезбедиме примања за пристоен живот. Годинава има слабо мед, едвај 50 тегли се извадија. Затоа, сите оние кои сакаат да ѝ помогнат на Атиџе, и ќе го купат албумот по цена од 500 денари, парите одат за неа“, рече Сузана.

„Тивко ја исплакав, ја сместив во срцето и си ветив дека ќе ѝ го разубавам животот“- Сузана Турунџиева за пријателството со Атиџе

 

Scroll to Top