Кралот на трубата, Џамбо Агушев, и неговата сопруга Асена прославија 11 години брак. Популарниот музичар не ја криеше среќата, па објави слика со романтична порака, во која вели дека целиот живот се молел да запознае жена како неа.
„Секогаш се молев да ја најдам вистинската љубов и во моментот кога првпат те видов, сфатив дека ми се исполни желбата. Годините никогаш не ги сменија моите чувства кон тебе. Мојата среќа се зголемува секоја година. Среќна годишнина, моја драга сопруго, убава мајко на моите деца. Многу те сакам“, напиша Џамбо.
Неодамна во интервју за „Репортер“ тој ни раскажа дека со Асена се запознале на негов настап во Германија кога ја забележал како игра во публика. По концертот ѝ побарал број, ѝ се јавил и така почнала љубовта, која трае речиси 15 години. Џамбо тогаш ни откри и дека иако Асена е љубоморна, тој е пољубоморен од неа и дека и по толку години заедно, тој е многу заљубен во жена си.
Двојката има три деца, ќерките Севги и Мелинем и синот Мерт.